Достапни линкови

Четворица повредени при верижен судир на 40-ина возила во Романија


Илустрација.

Илустрација.

Четири лица се повредени денеска при верижен судир на околу 40 возила на новата делница од автопатот А1 во централниот романскиот округ Алба, што беше пуштена во употреба пред само три дена.

Романската полиција соопшти дека од четворицата повредени, кои се пренесени во болница, само еден се здобил со посериозни повреди, додека останатите тројца минале со фрактури.

Полицијата информира дека причина за несреќата е неприлагодување на брзината на возење на условите на патот и неодржувањето на пропишаното растојание при движење на возилата во колона.
XS
SM
MD
LG