Достапни линкови

Ходорковски - Многумина политички затвореници зад решетки во Русија


Поранешниот руски нафтен магнат Михаил Ходорковски на денешната прес-конференција во Берлин.

Поранешниот руски нафтен магнат Михаил Ходорковски на денешната прес-конференција во Берлин.

Многумина политички затвореници остануваат зад решетки во Русија, изјави поранешниот руски нафтен магнат Михаил Ходорковски на денешната прес-конференција во Берлин, два дена по неговото ослободување од затвор во Русија, откако беше помилуван од претседателот Владимир Путин.

„Не треба да ме гледаат како симбол дека во Русија веќе нема политички затвореници“, рече 50-годишниот Ходорковски.

Тој изјави дека не знае колку време ќе остане во Германија, каде што е со неговото семејство, но додаде дека има едногодишна виза. Запрашан дали ќе се врати во Русија, тој рече дека нема гаранција дека ако се врати, повторно ќе му биде дозволено да ја напушти земјата. Ходорковски рече дека нема да влезе во политиката или да бара враќање на имотот на неговата поранешна компанија Јукос.
XS
SM
MD
LG