Достапни линкови

Плевенлиев го предупреди Камерон поради имиграционата политика


Британскиот премиер Дејвид Камерон.

Британскиот премиер Дејвид Камерон.

Бугарскиот претседател Росен Плевенлиев го предупреди британскиот премиер Дејвид Камерон дека со изнесувањето на остри ставови по прашањето за имиграционата политика ризикува да ја загрози репутацијата на Велика Британија и да ја изолира.

Плевнелиев за „Обзервр“ изјави дека Велика Британија треба себе си да се гледа како голема светска сила, која ги поставила темелите на интеграцијата и оти треба да се огради од националистичките повици за воведување на поостри закони за имигрантите.

Бугарскиот министер за надворешни работи Кристиан Вигенин неодамна ги критикуваше британските чекори за спречување на имигрантите од ЕУ, кои бараат бенефиции за невработените, нагласувајќи дека станува збор за неоснована „британска хистерија“ и оти Бугарите не просат во Обединетото Кралство.

„Бугарите не просат во Британија. Тие не го искористуваат системот за социјална помош, туку придонесуваат повеќе, отколку што добиваат“, нагласи Вигенин, кој во вторникот ја откажа посетата на Лондон.

Британскиот премиер Дејвид Камерон во средата изјави дека набргу ќе донесе прописи за забрана имигрантите од другите земји на ЕУ да добиваат помош за живеење, како и за користење помош во првите три месеци од невработеноста.
XS
SM
MD
LG