Достапни линкови

logo-print

Самоубиствен напад пред училиште во Сирија


Илустрација.

Илустрација.

Најмалку 12 луѓе загинаа во самоубиствен напад со автомобил-бомба во близина на едно училиште во шиитскиот град Ум ал-Амед во провинцијата Хомс во Сирија. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон соопшти дека меѓу загинатите има и ученици. Сириската државна новинска агенција САНА за нападот ги обвини „терористите“, како што државните медиуми ги нарекуваат сириските бунтовници. Во градот Ум ал-Амед живее шиитска заедница блиска до алавитската секта на претседателот Башар ал-Асад. Сириската опозиција е главно составена од сунитски муслимани. Набљудувачите велат дека речиси тригодишната граѓанска војна во Сирија засилено станува верска.
XS
SM
MD
LG