Достапни линкови

logo-print

Почина човекот кој издејствува дозвола за селење на Евреите од СССР


Илустрација.

Илустрација.

Почина 84-годишниот Едгар Бронфман, бизнисменот милијардер и поранешен претседател на Светскиот еврејски конгрес, кој изврши притисок врз Советскиот Сојуз да им дозволи на Евреите на емигрираат. Фондацијата Бронфман соопшти дека долгогодишниот директор на семејната компанија за алкохол Сиграм починал вчера во семејниот дом во Њујорк. Во некрологот објавен од фондацијата се наведува дека Бронфман постигнал серија дипломатски победи, меѓу кои главна е спогодбата со Советскиот Сојуз што доведе до „ослободување на еврејските затвореници на совеста и до поголема слобода за практикување на религијата и иселувањето меѓу руското еврејско население“. Бронфман, кој е роден во Канада, беше одликуван со Претседателскиот медал на слободата, највисоката цивилна почест во САД, од претседателот Бил Клинтон во 1999 година за работа на „обезбедување основни права за Евреите ширум светот“.
XS
SM
MD
LG