Достапни линкови

logo-print

Иран ги осуди европарламентарците за средбата со дисиденти


Осумчлената делегација од Европскиот парламент во Техеран се сретна со адвокатката за човекови права Насрин Сотоудех и со режисерот Џафар Панахи.

Осумчлената делегација од Европскиот парламент во Техеран се сретна со адвокатката за човекови права Насрин Сотоудех и со режисерот Џафар Панахи.

Иран ги осуди европските парламентарци за средбата со истакнати дисиденти за време на посетата на Исламската република овој месец. Осумчлената делегација од Европскиот парламент за време на шестдневната посета на на Иран што заврши во вторникот се сретна со адвокатката за човекови права Насрин Сотоудех и со режисерот Џафар Панахи. Иранската новинска агенција ИСНА денеска објави дека претставници на грчката амбасада во Техеран, кои ја организираа средбата, вчера биле повикани во иранското министерство за надворешни работи да бидат известени за иранското „незадоволство“. Конзервативниот пратеник Казем Џалали изјави дека средбата е „мешање во внатрешните работи на Иран“. Сотоудех и Панахи беа уапсени по спорните избори на кои поранешниот претседател Махмуд Ахмадинеџад го доби својот втор мандат во 2009 година. Тие, заедно со десетина други политички затвореници, беа ослободени во септември.
XS
SM
MD
LG