Достапни линкови

Заштита на семејствата кои не може да ги плаќаат хипотеките во Грција


Илустрација: Грчкиот Парламент.

Илустрација: Грчкиот Парламент.

Грчкиот Парламент усвои Закон за заштита на семејствата со ниски примања, кои не можат да ги покријат долговите за хипотекарните кредити, пишува грчкиот весник „Катимерини“. Со 152 гласови „за“ од 293 присутни пратеници, Парламентот утврди рамка за одземање на имоти во случај на неисплаќање на кредити.

Според одлуката на пратениците, најпрво се заштитени живеалиштата во вредност до 200 илјади евра на домаќинствата со чист годишен приход под 35 илјади евра. Со Законот се определува и максималната сума, која сопствениците на живеалиштата треба да ја им плаќаат на банките секој месец, доколку имаат финансиски потешкотии.
XS
SM
MD
LG