Достапни линкови

Временска прогноза - Сонце во Македонија, магла во Скопје


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Дневната температура ќе се движи од три до 12 степени. Во Скопје преку целиот ден ќе биде магливо и студено. Дневната температура ќе се искачи до еден степен.

Утре ќе има зголемување на облачноста, а од вторник ќе дува и слаб до умерен јужен ветер поради што условите за магла постепено ќе се намалуваат.
XS
SM
MD
LG