Достапни линкови

САД ја следат антикорупциската истрага во Турција


Портпаролот на Стејт Департментот Џен Псаки изјави дека САД ја следат антикорупциската истрага во Турција и дека немаат коментари во врска со деталите од случајот. Тој потенцира дека очекуваат од Турција да ги почитува стандардите за транспарентност и непристрасност на судскиот систем. Според него, истрагата не е работа на странските сили.
Јавното обвинителство на Истанбул покрена обвиненија за корупција против синовите на министрите за внатрешни работи и за економија, Муамер Ѓулер и Зафер Чаглајан. Тие заедно со уште 14 лица, меѓу кои и директорот на турската државна Халк банка, Сулејман Аслан се обвинети за корупција, измами, илегална трговија на злато и присвојување на туѓ имот.
XS
SM
MD
LG