Достапни линкови

logo-print

Селмани-ЗНМ не е во преговoри со Владата


Насер Селмани, претседател на ЗНМ

Насер Селмани, претседател на ЗНМ

Здружението на новинари на Македонија не е во преговори со Владата, туку бевме повикани само да ги доставиме забелешките за Законот за медиуми, вели претседателот на здржението Насер Селмани. Од Министерството за информатичко општество денешната прес конференција со Селмани ја најавија како заедничка за текот на преговорите околу нацрт-законите за медиуми. Ние и натаму сме против Законот за медиуми, порачува Селмани. Според него, владата прифатила печатените медиуми да имаат само три обврски и тоа да објават импресум и сопственичка структура и да ги запазат стандардите за објавување на порнографски содржини, а и интернетот е надвор од регулација.
Селмани вели дека ќе продолжат и натаму да ги доставуваат своите забелешки и со тоа да ја убедат владата дека законите не се добри. Но, според него никогаш повеќе нема да седнат на маса и да преговараат.
XS
SM
MD
LG