Достапни линкови

Ирак-Воен командант загинал во напад на Ал Каеда


Ирачкиот воен командант Мохамед ал Карави заедно со уште најмалку четворица војници загинал за време на нападот врз засолниште на Ал Каеда во покраината Анбар. Во меѓувреме во западниот дел на Ирак вооружена група отворила оган кон полициски пункт, при што загинал еден припадник на безбедносните сили. На северот во градот Киркук загинале двајца војници во ракетен напад.
XS
SM
MD
LG