Достапни линкови

Ходорковски пред јавноста ќе ги открие своите планови


Михаил Ходорковски

Михаил Ходорковски

Поранешниот олигарх Михаил Ходорковски, кој беше помилуван од рускиот претседател Владимир Путин утре ќе одржи прес конференција во Берлин на која ќе ги открие неговите натамошни планови. Новинските агенции јавија дека тој денеска се сретнал со неговиот син Павел, кој во Берлин пристигнал од Њујорк. Ходорковски се очекува попладне да се сретне и со неговите родители. Американскиот државен секретар Џон Кери ја поздрави одлуката на Путин за ослободување на Ходорковски.
XS
SM
MD
LG