Достапни линкови

Кери го поздрави ослободувањето на Ходорковски


Михаил Ходорковски

Михаил Ходорковски

Американскиот државен секретар Џон Кери ја поздрави одлуката на рускиот претседател Владимир Путин за ослободување на поранешниот олигарх Михаил Ходорковски. Путин изјави дека помилувањето е поради хуманитарни причини, бидејќи мајка му на Ходорковски била болна.
Ходорковски откако го напушти затворот, со авион замина од Русија за Германија. Тој беше осуден за затајување данок и перење пари, а потоа и за проневера и крадење нафта во вредност од 23 милијарди долари.
XS
SM
MD
LG