Достапни линкови

Временска прогноза-сончево со појава на магла


Времето во Македонија ќе биде сончево. По котлините во претпладневните часови ќе има појава на магла. Долж Повардарието ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус 11 до минус четири, а дневната од пет до 13 степени.
Во Скопје времето ќе биде студено и магливо. Поради северниот ветер што се очекува да задува во текот на денот ќе има услови за разретчување на маглата. Утринската температура ќе се спушти до минус шест, а дневната ќе се искачи до два степени.
Ваквата состојба во однос на маглата постепено ќе се нарушува од вторник попладне кога ќе почне да дува умерен јужен ветер што ќе предизвика раздвижување на атмосферата па во наредните денови нема да има услови за појава на магла.
XS
SM
MD
LG