Достапни линкови

logo-print

Изгласан буџетот на РМ за наредната година


Собранието на Република Македонија, по петдневна расправа, денеска со 67 гласа “за“ и 26 „против“ го донесе Буџетот за 2014 година.
Приходите се планирани на 158 милијарди и 343 милиони денари, а расходите на 176.514 милиони денари. Буџетскиот дефицит е планиран на ниво од 3,5 проценти и ќе се финансира од домашни и од странски извори. Растот на БДП е проектиран на 3,2 проценти, а инфлацијата на 3,3 проценти.
Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, Буџетот за 2014 година ќе овозможи подинамичен економски раст преку реализацијата на капиталните инвестиции кои се за 11 проценти повеќе во однос на годинава и ќе ја задржи социјалната стабилност преку зголемениот износ за пензии и социјална помош, како и преку зголемениот износ за субвенции од 140 милиони евра.

За опозицијата, Буџетот за 2014 година е неразвоен и нереален и дава можност за, како што рекоа, уште едно манипулирање и купување гласови пред избори. Сметаат дека тој не нуди можност за раздвижување на економијата и отворање нови работни места, туку предвидува непродуктивни трошоци.
XS
SM
MD
LG