Достапни линкови

logo-print

Чешка со вето за Албанија во ЕУ


Чешкиот премиер во оставка Јиржи Руснок

Чешкиот премиер во оставка Јиржи Руснок

Чешкиот премиер во оставка Јиржи Руснок изјави дека бил подготвен да стави вето за кандидатскиот статус на Албанија во Европската унија поради одземањето на лиценцата на чешкиот државен електрогигант ЧЕЗ во Албанија. „Но, не мора да ставам вето, бидејќи ни Холанѓаните, ни Германците, ни Французите не се многу воодушевени од придружувањето на таа убава балканска земја преполна со дилери на дрога“, го цитира весникот „Млада Фронта Днес“ премиерот Руснок кој им зборувал на пратениците во чешкиот парламент пред самитот на Европската унија во Брисел. Поради одземањето на лиценцата сега ЧЕЗ покрена меѓународна арбитража и бара од албанската влада 200 милиони евра оштета за пропадната странска инвестиција.
XS
SM
MD
LG