Достапни линкови

ЕУ преговорите со Србија ги почнува на 21 јануари


Лидерите на Европската унија денеска потврдија преговорите за придружување со Србија да почнат на 21 јануари и притоа ја усвоија рамката за преговари. Унијата на првата меѓувладина конференција, што го означува почетокот на преговорите, ќе ја претставува Грција, која од 1 јануари го почнува шестмесечното претседавање со Унијата. Отворањето на првите поглавја се очекува во втората половина од следната година, а денеска усвоената рамка за преговори предвидува прво да се отворат поглавјата 23 и 24, што се однесуваат на правосудството, полицијата и основните човекови права.
XS
SM
MD
LG