Достапни линкови

Прво договор дома, па потоа барање помош од странство


Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Се наоѓаме во еден важен момент кој што бара акција, храброст и решителност, за да седнеме на маса, да се постигне етнички и политички консензус и да се решиме за единствената алтернатива, бидејќи немаме друга, а таа е НАТО и ЕУ, вели претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за Радио Слободна Европа што во целост ќе го емитуваме в недела.

Македонија во моментов се наоѓа на крстосница и мора да одлучи кој пат ќе го фати. Ако се враќаме наназад ќе се соочиме со изолација, а во тој случај ризикуваме да го изгубиме и идентитетот и државата, вели претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за Радио Слободна Европа што во целост ќе го емитуваме в недела.
Морам да нагласам дека Македонија во моментов се наоѓа на раскрсница и неколку пати сум кажал дека сообраќајни несреќи се случуваат на раскрсници, а не на прав пат.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети се сретна со грчкиот амбасадор во Македонија Харис Лалакос.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети се сретна со грчкиот амбасадор во Македонија Харис Лалакос.

„Морам да нагласам дека Македонија во моментов се наоѓа на крстосница и неколку пати сум кажал дека сообраќајни несреќи се случуваат на раскрсници, а не на прав пат. Ние како политичари се залагаме земјата да се насочи на прав пат и да не останеме во статус кво ситуација. Ние сме во таа точка каде што треба да решиме дали ќе одиме напред или ќе се враќаме назад. Ако се движиме наназад ќе се соочиме со изолација, при што цената ќе ја платат граѓаните на Македонија. Нагласувам дека се наоѓаме во еден важен момент кој што бара акција, храброст и решителност, за да седнеме на маса, да се постигне етнички и политички консензус и да се решиме за единствената алтернатива, бидејќи немаме друга, а таа е НАТО, ЕУ, мир, стабилизација и економски развоја на нашата земја и на целиот регион“, вели Ахмети во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
За да се дојде надвор до компромис, прво треба дома да се дојде до компромис и заеднички став.

Тој вели дека неговите дипломатски напори во последните месеци биле во функција на тоа Македонија да се постави на меѓународната агенда, затоа што, како што вели, меѓународната заедница се фокусирала на други поважни теми поврзани со Иран, Сирија или Северна Кореја. Вели оти се обидувал да ја убеди меѓународната заедница дека сега е моментот за решавање на спорот за името и откочување на македонските евроинтеграции.

Но, колку може Ахмети дипломатски да се избори за ставање на Македонија на меѓународната агенда? Тој вели дека вистинските проценки може да ги дадат Вашингтон, Брисел, Берлин, Лондон, Париз, Софија и Атина, но професор Денко Малески вели дека неговата успешност е дискутабилна, со оглед на тоа што Ахмети претставува само еден дел од власта, а вториот, и во овој случај позначаен дел од власта, „ги влечка нозете“. За ова прашање, не само владата, туку сите политички партии треба да зборуваат во еден глас, вели Малески.

„За да се дојде надвор до компромис, прво треба дома да се дојде до компромис и заеднички став“, вели Малески.

Лидерот на ДУИ вчера на одвоени средби се сретна и со амбасадорите на САД и на Грција во земјава, Пол Волерс и Харис Лалакос. Во соопштението по средбата со Волерс се наведува дека Ахмети ги поканил американските власти директно да се вклучат во помагањето на напорите за решавање на прашањето за името. На средбата со Лалакос, пак, Ахмети изразил надеж дека Скопје и Атина ќе седнат на иста маса и што е можно поскоро ќе постигнат компромис во врска со прашањето за името.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG