Достапни линкови

Последен ден собраниска расправа за буџетот


Македонското собрание денеска треба да ја заврши расправата за предлог буџет на Македонија за 2014 година, што почна во понеделникот. По завршување на расправата, за која се предвидени пет дена, пратениците треба да се изјаснат и за Предлог законот за извршување на буџетот. Државната каса за следната година ќе изнесува 176,5 милијарда денари. Приходите се планирани на 158 милијарди и 243 милиони, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти и ќе се финансира од домашни и од странски извори. Растот на БДП е проектиран на 3,2 проценти, а инфлацијата од 3,3 проценти. Нивото на буџетскиот дефицит, според проекците, ќе изнесува 3,5 проценти.
XS
SM
MD
LG