Достапни линкови

Во САД украдени податоци од 40 милиони кредитни карти


Големиот американски ланец на продавници на мало „Тарџет“ им се извини на купувачите откако обелодени дека најверојатно хакери украле податоци од околу 40 милиони кредитни картички. Ова е втора најголема кражба на податоци во Соединетите држави досега. Во 2007 година компанијата ТиЏејИкс објави дека хакерите успеале да украдат податоци од 47 милиони картички. Сегашната кражба се слуила меѓу 17 ноември и 15 декември.
XS
SM
MD
LG