Достапни линкови

Зајакната безбедноста на амбасадата на САД во Јужен Судан


Американскиот претседател Барак Обама наредил да се зајакне безбедноста на амбасадата на САД во Јужен Судан, откако во африканската држава ескалираше етничкото насилството. Обама изјави дека околу 45 воени лица, кои се опремени за борба, се испратени за да ги заштитат граѓаните и имотот на САД. Тие ќе останат таму додека не се подобри безбедносната ситуација. Во писмена изјава Обама вели дека Јужен Судан е на работа на пропаста по продолжувањето на крвопролевањето во земјата. Претходно оваа недела, САД им нареди на своите државјани да го напуштат Јужен Судан.
XS
SM
MD
LG