Достапни линкови

САД разочарани од неосудата за Сирија


Syria -- A man looks for survivors inside a pick-up truck at a damaged site after what activists said was an airstrike by government forces in Duma, Damascus, December 15, 2013

Syria -- A man looks for survivors inside a pick-up truck at a damaged site after what activists said was an airstrike by government forces in Duma, Damascus, December 15, 2013

Соединетите држави изразија разочарување поради неуспехот на Советот за безбедност на Обединетите нации да се договори за изјавата со која се осудува сириската влада за воздушните напади во кои загинаа цивили. Според дипломатски извори Русија го блокираа соопштението.

Куртис Купер, портпарол на американската мисија во ОН, го критикуваше неуспехот на Советот за безбедност да го осуди, како што тој вели, „бруталните тактики на сирискиот режим врз цивилите.“

Во предложениое текст се наведува дека повеќе од 100 луѓе се убиени за време на владините бомбардирања во Алепо. Изјавата, исто така, го осудува насилството од сите страни во сириската војна. Русија и Кина ги блокираа претходно предложените резолуции на Советот за безбедност.
XS
SM
MD
LG