Достапни линкови

Обама ќе стави вето на нови санкции кон Иран


Претседател на САД, Барак Обама.

Претседател на САД, Барак Обама.

Белата куќа најави дека претседателот Барак Обама ќе стави вето на каков било закон што наметнува нови американски санкции против Иран. Ова беше соопштено вчера откако 26 сенатори, или повеќе од една четвртина од Сенатот, најавија нов закон за санкции кон Иран.

Мерката, поддржана од 13 сенатори од Републиканската и 13 од Демократската партија, предвидува воведување санкции насочени кон иранската економија, ако Техеран го прекрши времениот договор што го постигна со шесте светски сили минатиот месец или ако не се постигне конечен договор за намалување на иранските нуклеарни активности.

Портпаролот на Белата куќа, Џеј Карни, оцени дека оваа иницијатива е непотребна и можно штетна, велејќи дека може да ги подрие преговорите што се во тек со Иран. Експерти од Иран и од шесте светски сили вчера ги продолжија разговорите за иранската нуклеарна програма во Женева.
XS
SM
MD
LG