Достапни линкови

Исламабад ќе добие 553 милиони долари од ММФ


Продавачи на банани во Пакистан.

Продавачи на банани во Пакистан.

ММФ одобри исплата на кредит за Пакистан, велејќи дека владата ги исполнила повеќето од условите за кредитната програма од 6,7 милијарди долари. Тоа значи дека владата во Исламабад ќе добие 553 милиони долари од ММФ. Заменик директорката на ММФ, Немат Шафик, соопшти дека пакистанските власти се задоволителни во имплементацијата на кредитната програма. Сепак, таа додаде дека фискалната ранливост останува висока и повика на поамбициозен пристап на даночната администрација за да се елиминираат даночните дупки. Во изјавата се повикува пакистанската влада да работи на зголемување на ниското ниво на девизни резерви.
XS
SM
MD
LG