Достапни линкови

Шешељ на операција на дебелото црево


Српскиот националистички политичар и претседателот на Српската радикална странка, 59-годишниот Воислав Шешељ, кому му се суди за воени злосторства пред Хашкиот трибунал, бил подложен на операција за отстранување тумор на дебелото црево. Заменик претседателот на српските радикали, Милорад Мирчиќ, изјави дека Шешељ се опоравува по вчерашната операција во болница во Холандија. Шешељ е во притвор од февруари 2003 година. Минатата година тој беше подложен на операција на срцето.
XS
SM
MD
LG