Достапни линкови

САД - да се ослободат политичките затвореници во Белорусија


Белорусија - активисти со поддршка за политичките затвореници.

Белорусија - активисти со поддршка за политичките затвореници.

САД повикаа на ослободување на сите политички затвореници во Белорусија, три години откако владата на претседателот Александар Лукашенко спроведе голема акција против опозициските сили, демонстрантите и медиумите.

По спорните претседателски избори од 19 декември 2010 година, стотици демонстранти и активисти беа затворени. Заменик портпаролката на Стејт департменот, Мери Харф, го повтори барањето за „итно и безусловно“ ослободување на политичките затвореници во Белорусија. Таа ја потсети владата во Минск на заедничката американско-белоруска изјава од 1 декември 2010 година во која се вели дека „зајакнатото почитување на демократијата и човековите права останува од главно значење за подобрување на билатералните односи и е од суштинско значење за напредокот на Белорусија и нејзините граѓани“.
XS
SM
MD
LG