Достапни линкови

logo-print

Повеќе од 75 повредени во театар во Лондон


Повеќе од 75 луѓе се повредени, меѓу кои седум сериозно, откако пропадна дел од плафонот во еден театар во Лондон, соопштија тамошните служби за вонредни ситуации. Во инцидентот нема загинати.

До несреќата дошло за време на синоќешната претстава во театарот Аполо во центарот на Лондон. Службата за Брза помош од Лондон соопшти дека 51 човек биле однесени во болница, а останатите се третирани на местото на настанот.

Противпожарната служба соопшти дека верува оти се ослободени сите луѓе што биле заробени под урнатините. Повеќе од 700 биле во театарот стар 112 години за време на колапсот.

Полицијата вели дека причините за несреќата се сè уште непознати, но оти нема индикации дека тоа е резултат на намерно дејствување или напад.
XS
SM
MD
LG