Достапни линкови

logo-print

Малстром - Западен Балкан да се посвети на азилантите


Европскиот комесар за внатрешни работи Сесилија Малстром.

Европскиот комесар за внатрешни работи Сесилија Малстром.

Државите од Западен Балкан мора до пролет идната година да покажат јасни резултати во намалувањето на бројот на азиланти кои од тие држави доаѓаат во Европската унија бидејќи во спротивно ризикуваат укинување на безвизниот режим, изјави европскиот комесар за внатрешни работи Сесилија Малстром.

„Постои опасна појава. Четирипати е зголемен бројот на апликации за добивање азил во држави од ЕУ, а најголем дел од тие граѓани се од регионите на Западен Балкан, што е голем проблем, изјави Малстром за новинари за време на Министерски форум ЕУ-Западен Балкан во Будва.

Таа потсети дека ЕУ усвоила можност за укинување на безвизниот режим.

„Тоа значи дека доколку се покаже неопходно, ќе го укинеме безвизниот режим со одделни држави“, потенцира таа.

Малстром вели дека државите од Западен Балкан треба дополнително да се посветат на решавање на прашањето за азилантите .
XS
SM
MD
LG