Достапни линкови

logo-print

Раководството на СДСМ се сретна со Волерс


Средбата на раководството на СДСМ, претседателот Зоран Заев, заменик претседателката, Радмила Шекеринска, генералниот секретар, Оливер Спасовски со амбасадорот на САД, Пол Волерс.

Средбата на раководството на СДСМ, претседателот Зоран Заев, заменик претседателката, Радмила Шекеринска, генералниот секретар, Оливер Спасовски со амбасадорот на САД, Пол Волерс.

Раководството на СДСМ вчера имаше средба со американскиот амбасадор во Скопје Пол Волерс, соопштуваат од партијата. Според соопштението од СДСМ, амбасадорот Волерс истакнал дека клучот за напредок на Македонија се единствено ЕУ и НАТО интеграциите.

„Американскиот амбасадор Волерс пренесе охрабрување од САД дека Македонија мора да опстои на евроатланскиот пат, кон што земјата треба да се фокусира во периодот што престои“, се вели во соопштението.

Во него се наведува дека раководството на СДСМ изразува разочарување и загриженост за заклучоците од Европскиот совет во кои Македонија 8 година по ред не доби датум за почеток на преговорите.
XS
SM
MD
LG