Достапни линкови

logo-print

Временска прогноза – Македонија сончева, Скопје магловито


Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб јужен ветер, попладне со мала до умерена облачност. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Утринската температура се движи од минус 10 до минус два, а дневната од еден до 12 степени. Во Скопје времето ќе биде магливо и студено со локална облачност. Дневната температура ќе достигне до еден степен. Во следните денови, мала промена ќе има во сабота кога ќе има и слаб но северен ветер, а понатаму ќе се задржи стабилно и суво со услови за појава на утринска магла.
XS
SM
MD
LG