Достапни линкови

Се урна покривот на театарот "Аполо" во Лондон


Лондон

Лондон

Се урна дел од покривната конструкција на театарот “Аполо” во областа Сохо во Лондон, во еден од најпрометните делови на главниот град на Велика Британија, јавуваат медиумите. Спасувачките екипи се на местото на настанот во централлиот дел на градот а очевидци тврдат дека луѓе се заробени под урнатините. Според медиумските извештаи, дел од покривот се урнал за време на претстава. За сега нема дополнителни информации за жртви и повредени. Станува збор за театар со над 700 седишта на четири нивоа.
XS
SM
MD
LG