Достапни линкови

Недоволно пари за греење на училиштата


Парите за греење што училиштата ги добиваат од Министерството за образование се далеку од потребните, се жалат градоначалниците.

Секоја година парите за греење што училиштата ги добиваат од Министерството за образование се далеку од потребните, со што во старт општините не може да ја сокријат загриженоста од претстојната зима. Некои училишта, за да имаат греење, решиле да осигураат нов пристап и од парно се префрлиле на нафта, изјави градоначалникот на скопската општина Карпош, Стевче Јакимовски.
Веќе четири училишта префрливме од централно греење на нафта со што заштедивме, имаме дури трипати помали трошоци за затоплување.
Стевче Јакимовски, градоначалник на Општина Карпош.

„Секако дека се одразува, ние и досега штедиме, веќе четири училишта префрливме од централно греење на нафта со што заштедивме, имаме дури трипати помали трошоци за затоплување. Ако порано трошоците по училиште биле од 3 до 4 милиони, сега тоа ни се движи од милион до милион ипол“, вели Јакимовски.
Илустрација.
Илустрација.

Од 20 до 30 отсто се намалени дотациите за греење. Тоа е работа на министерството, а мене ми е жал што и кај предшколските установи е намален фондот за греење.
Ружди Лата, градоначалник на Дебар.
Општина Карпош добива околу милион и седумстотини илјади денари месечно за десет училишта со кои треба да се плати за електрична енергија, водоснабдување и други потреби за училиштата, вклучително и за парно греење. Тоа изнесува по околу 120 илјади денари за секое училиште, а само една сметка за парно греење изнесува од 350 до 600 илјади денари, вели Јакимовски.

„Долговите се резултат на далеку помалите трансфери од страна на Владата на Република Македонија и Министерството за образование кон локалната самоуправа и практично помали се загубите во делот на затоплувањето и трошоците за одржување на училиштата кај оние општини кои имаат помалку училишта. Оние општини кои имаат повеќе училишта, нормално дека ќе имаат и поголеми долгови по основ на греење, превоз и други трошоци“, вели Јакимовски.

Овој проблем ги тишти сите училишта. Според првичните информации, засега нема студени училници во Дебар, но градоначалникот Ружди Лата се жали дека парите што ги добиваат од Министерството за образование секоја година се опипливо покуси.

„Од 20 до 30 отсто се намалени дотациите за греење. Тоа е работа на министерството, а мене ми е жал што и кај предшколските установи е намален фондот за греење“, вели Лата.

Најпроблематично е во Струга. Неколку години наназад училиштата во оваа општина немаат греење или, пак, поради заштеда на постоечките количини, наставата се одвива со скратени часови. Причина за ваквите состојби се нивните блокирани сметки, каде вкупниот долг изнесува над 2 милиони евра. Годинава по нивно барање од Владата, како и Бирото за резерви на нафта, им ветиле 100 тони за потребите на училиштата во Струга, каде 50 тони ќе стигнат до Нова Година, а останатите 50 после Нова Година. Меѓутоа, градоначалниците бараат да се осигура нов пристап околу ангажирањето за училиштата. Според нив, оној што со закон е задолжен да ги финансира училиштата, а тоа е владата, треба да обезбеди доволно пари за нивно функционирање.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG