Достапни линкови

Јанукович го осуди мешањето на Западот


Украинскиот претседател Виктор Јанукович

Украинскиот претседател Виктор Јанукович денеска оцени дека Западот се меша во внатрешните работи на неговата земја со тоа што ги поддржува проевропските демонстранти. Неколкумина европски и американски претставници го посетија Киев за да им дадат поддршка на протестите откако Јанукович одби да ја потпише Спогодбата за асоцијација со Европската унија. Јанукович вчера во Москва потпиша спогодба со Русија за економска помош, за која украинската опозиција смета дека било предавство на националните интереси
XS
SM
MD
LG