Достапни линкови

Средби на Ахмети со Волерс и Лалакос


Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска имаше одвоени средби со амбасадорите на САД и на Грција во Македонија Пол Волерс и Харис Лалакос. Во соопштението на ДУИ се наведува дека американскиот амбасадор ја потврдил поддршката на САД за процесот на интеграцијата на Македонија во евроатлантските структури. Ахмети, како што се додава во соопштението ги поканил американските власти директно да се вклучат во помагањето на напорите за решавање на прашањето за името. Во врска со претседателските избори, Ахмети го повторил ставот за поддршка на консензуален кандидат за претседател кој ќе биде прифатлив за сите граѓани. На средбата со амбасадорот Харис Лалакос, Ахмети изразил надеж дека Скопје и Атина ќе седнат на иста маса и што е можно поскоро ќе постигнат компромис во врска со прашањето за името.
XS
SM
MD
LG