Достапни линкови

Пресуда за убијците на војникот во Лондон


Двајцата обвинети за убиството на британскиот војник во Лондон во мај годинава денеска беа прогласени за виновни. Двајцата се англиски државјани кои се преобратиле во исламска вера и кои себе си се нарекувале Воини на Алахот. Војникот Ли Ригби бил убиен со неколку убоди со нож, откако претходно бил удрен со автомобил на улицата. Двајцата убијци признаа дека го убиле како одмазда за убиствата на британските војници во светот.
XS
SM
MD
LG