Достапни линкови

Разрешен шефот на полицијата во Истанбул


Шефот на полицијата во Истанбул Хусеин Чапкин денеска бил разрешен од функцијата. Тој е последниот од 30 високо рангирани полицајци кои добија отказ во Истанбул и Анкара поради злоупотреба на службена должност. До ова дојде по дводневните апсења во Турција во рамките на истрага за корупција во која од слобода биле лишени синови на министри и угледни бизнисмени блиски до премиерот Реџеп Таип Ердоган. Тој вчера изјави дека истрагата за корупцијата е дел од „нечиста“ операција против неговата влада и оти тоа е поврзано со летните антивладини протести.
XS
SM
MD
LG