Достапни линкови

logo-print

Министерката Јанкулоска на форум во Будва


Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска и утре во Будва ќе учествува на форумот ЕУ-Западен Балкан на кој ќе учествуваат министрите за внатрешни работи и за правда на земјите од западниот Балкан, како и претставници на ЕУ. На форумот се разговара за механизмите за следење на поствизната либерализација, како и за граничното управување, особено од аспект на регионалната соработка. Министерката Јанкулоска, меѓу другото, ќе оствари билатерални средби со српскиот премиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ и со нејзиниот косовски колега Бајрам Реџепи.
XS
SM
MD
LG