Достапни линкови

Продолжува расправата за буџетот, ставовите непроменети


Собранието на Македонија денеска, четврти ден по ред, ја продолжи расправата по Предлог-буџетот за 2014.
Пратениците од Национална демократска преродба сметаат дека буџетот не треба да биде поддржан затоа што не нуди развој и се заснова врз погрешни буџетски политики кои се насочени кон купување гласови од пензионерите и социјалните категории.
Според Наџи Џелили од НДП, дефицитот ќе биде поголем од планираниот затоа што нема реални изгледи растот, кој е планиран на 3,2 проценти, да биде остварен.
Кенан Хасипи од Демократската партија на Турците посочи дека Владата во изминатите години добро ја менаџирала економијата бидејќи споредено со земјите од регионот, Македонија е во поповолна положба, односно е ниско задолжена, иако треба да се внимава со задолжувањата, а невработеноста за првпат е под 30 проценти.
Според Горан Сугаревски од СДСМ, буџетот за 2014 година е базиран на преголеми казни и глоби, задолжувања и непродуктивни трошоци.
XS
SM
MD
LG