Достапни линкови

Писмо до Дедо Мраз


Марија Василевска, член на Студентскиот парламент на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.
Марија Василевска, член на Студентскиот парламент на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Пишувам писмо до Дедо Мраз. Писмо во кое желбите се јавни, не се плашам од нивно неостварување. Во едно сум сигурна јас и целото СПУКМ секој ден од наредната година ќе го посветиме за да истите станат реалност, пишува Марија Василевска, член на СПУКМ во младинската онлајн колумна на Радио Слободна Европа..

2013, како и секоја работа со себе си донесе и добри и лоши работи. Стагниравме на некои полиња, но повеќе на број беа полињата во кои успеавме да донесеме промени. Студентскиот парламент на Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје и оваа година ја посвети на своите колеги. Јавноста во работењето, реализирање на активност од студентите за студентите, влијание во секторот на студентскиот стандард и доследно претставување на студентските интереси како и борба за студентските права се принципите на кои ние ја темелевме оваа година. Со иста енергија, динамичност и посветеност продолжуваме и во 2014, која ќе биде година на уште повеќе успеси, успех за секој студент на УКИМ.
Желба за реновирање на студентските домови. Актуелно со години. Болката на секој студент-студентските домови. Секојдневно се обраќаме до институциите. Ветување добивме, реализацијата е наша најголема желба за 2014 година.

Но, пред да продолжам со активностите за крајот на оваа година (пред да поставиме уште две клупи во студентскиот дом Кузман, делење на студентската картичка за попусти, јавен конкурс за проект со Стопанска комора и потпишување на Национална декларација за зголемување на ефикасноста и ефективноста во практичната настава), пишувам писмо до Дедо Мраз. Писмо во кое желбите се јавни, не се плашам од нивно неостварување. Во едно сум сигурна јас и целото СПУКМ секој ден од наредната година ќе го посветиме за да истите станат реалност.

1. Желба за повисок студентски стандард

Студентскиот стандард е основата за функционирањето на секој студент. СПУКМ се бори со своите активности да помогне во ова поле. Картичката за попусти која е компилација на попусти од сите компании чии производи им се посветени на студентите цели директно да влијае во ова поле. Таа е различна од останатите затоа што е бесплатна и пристап до нејзе има секој студент на УКИМ. Желбата е да се допре до поголем број на компании кои ќе ги отворат вратите за студентите и ќе дадат поголеми попусти. Наспроти ова е и проектот кој СПУКМ ќе го спроведува со Стопанската комора на Македонија. Менторски систем во кој ќе учествуваат студенти од УКИМ избрани врз основа на својата бизнис идеја и претставници од компаниите членови на Стопанската комора. Желбата е поттикнување на свеста за претприемништвото и помош на секој студент во реализирањето на неговата идеја.

Националната декларација за зголемување на ефикасноста и ефективноста во практичната настава, потпишана од сите легитимни претставници на студентите (студентски унии) на сите Универзитети во државата цели да тие бидат мостот помеѓу бизнис секторот и институциите и студентите. Желбата е да се влијае и активностите кои ќе произлезат од оваа декларација да ја видат светлината на денот во најбрз можен рок.

Апатичноста помеѓу студентите е на високо ниво. Најлесно е да се обвинува да се покажува со прст. Секој знае да го посочи проблемот, но решението или барем предлог за решение ниту еден јунак не предлага. Нашите проекти и активности се трудат секојдневно да вклучуваат поголем број на студенти.
2. Желба за реновирање на студентските домови

Актуелно со години. Болката на секој студент-студентските домови. Секојдневно се обраќаме до институциите. Ветување добивме, реализацијата е наша најголема желба за 2014 година. Два несреќни случаи ја одбележаа оваа година, два пожари во студентскиот дом Гоце Делчев. Во едниот имаше настаната материјална штета. Од страна на СПУКМ студентите беа обесштетени. Се надеваме дека ова нема да се повтори. Сакаме да видиме реновирани студентски домови.

3. Желба за прекин на апатичноста кај студентите

Апатичноста помеѓу студентите е на високо ниво. Најлесно е да се обвинува да се покажува со прст. Секој знае да го посочи проблемот, но решението или барем предлог за решение ниту еден јунак не предлага. Нашите проекти и активности се трудат секојдневно да вклучуваат поголем број на студенти. Се трудат макотрпно да немаме разни места во Еразмус програмите или во огласите за пракса. Одењето и држењето на трибина од факултет на факултет е една од мерките коишто ние ги преземаме. Од трибина на трибина амфитеатрите во се поголем број се исполнети со студенти. Огромна желбата и предизвик е ова темпо на зголемување на активираноста на студентите продолжи и да се одржи.

4. Желба за здружување на сите студентски организации под капата на една идеја - подобра иднина за студентите

Оваа желба е тешка за остварување, но не и невозможна. Секој со своја приказна со различна цел и средства за нејзино реализирање. Како да заборавивме на тоа дека цело е кога има се. СПУКМ ја подава раката и ги отвора вратите за секоја студентска организација која во полето на своето дејствување ги има студентите и нивните интереси. Немаме ниту стереотипи
Можеби ќе си помислите Дедо Мраз не постои и тој нема ниту една од овие желби да оствари. Токму така. Ние, студентите и нашите идеали, вредности, принципи и желби за промени спакувани во една заедничка идеја ќе ги промениме и ќе ги оствариме овие желби.
ниту предрасуди.

Дајте да ги тргнеме маските и заедно да се бориме и да дејствуваме, да градиме заедничка студентска историја. Затоа што сепак, најлесно е да се критикува, тоа го може секој, но да се реализира и направи активност е тука наоѓаме на клизаво терен. Како и да е се надеваме дека ако ништо друго Законот за млади ќе ни помогне да ја реализираме оваа желба и да видиме резултати.

5. Желба за поддршка на секој студент во остварувањето на своите соништа

Соништата и желбите се основниот мотив и движечка сила. Тоа е она што не движи кон победи. Доколку нив ги немаме се движиме по пат без патоказ. Сметам дека секој студент ги има и дека порано или подоцна, во некоја читална при некое испиено кафе тие излегуваат на виделина. Токму тоа е мојата најголема желба секој студент да ги оствари своите соништа, но и никогаш да не престане да сонува. СПУКМ е тука да помогне на секој студент колку што може повеќе при реализација на неговите соништа.

Можеби ќе си помислите Дедо Мраз не постои и тој нема ниту една од овие желби да оствари. Токму така. Ние, студентите и нашите идеали, вредности, принципи и желби за промени спакувани во една заедничка идеја ќе ги промениме и ќе ги оствариме овие желби. Ќе придонесеме за подобра 2014, а 2013 ќе ни биде пример и основа за поголеми проекти и активности кои не очекуваат. Од студентите за студентите.
XS
SM
MD
LG