Достапни линкови

Политизиран избирачки список - нерегуларни избори


Набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР на избирачко место во Скопје. Локални избори, 2013.

Набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР на избирачко место во Скопје. Локални избори, 2013.

Никој од надлежните не треба да ја избегнува одговорноста за прочистување на избирачкиот список, во спротивно тоа е политизација на техничко прашање, кое може да резултира со нерегуларни избори и критики.

Никако не може да се прифати тезата дека само еден орган е надлежен за прочистувањето на избирачкиот список, па според тоа и никој од надлежните органи не може да ја избегне одговорноста. Се останато е само политизација на едно техничко прашање кое со самото тоа се комплицира што може да не доведе до нерегуларни избори и нови и уште поостри критики од страна на меѓународните институции, посочуваат експертите.
Ако на некој начин сега се префрлуваат тезите околу надлежноста на еден или друг орган, според моето мислење, тука се крие друга заднина.

Целата оваа активност подразбира надлежност и на МВР, и на Министерството за правда и на ДИК и тие надлежности се прецизно наведени во изборните прописи потенцира професор Осман Кадриу.

„Ако на некој начин сега се префрлуваат тезите околу надлежноста на еден или друг орган, според моето мислење, тука се крие друга заднина, или да не се пристапи кон една мошне одговорна работа или некои сакаат да се прогласуваат ненадлежни, тоа во правото се нарекува судир на негативна надлежност.“

За жал повторно сме во ситуација кога едно чисто техничко прашање
Едните се плашат од т.н., гласачи кои добиваат лични карти преку ноќ, другите пак се плашат од реално малиот број на гласачи во некои краишта на државата, кои се иселија во изманатиот период и кои нема да дојдат да гласаат на овие избори.
кое само ако се гледа од аспект на податоци ќе биде добро решено, но кај нас добива политичка позадина, посочува професорот Никола Дујоски, анализирајќи и дека тоа се случува во политичките партии поради стравување за исходот од изборите.

„Што е нормално и за власта и за опозицијата, едните се плашат од т.н., гласачи кои добиваат лични карти преку ноќ, другите пак се плашат од реално малиот број на гласачи во некои краишта на државата, кои се иселија во изманатиот период и кои нема да дојдат да гласаат на овие избори.“

Ако се декларираме како правна држава неизбежно е кон инситиуциите кои во случајот го избегнуваат остварувањето на своите надлежности, да се постави прашањето на одговорноста, потсетува Кадриу. Периодот до претседателските избори во март е многу кус, но може да биде и доволен за исполнување на обврските околу прочистувањето на избирачкиот список доколку тој се ослободи од политичките раце, порачува Дујоски.

„Ако тоа се врати на техничко ниво, лесно е списокот да се прочисти, во службите работат професионалци на крајот на краиштата, нивно е да седнат да ги избројат, да предложат кои гласачи ќе бидат полнолетни на соодветниот датум, и кои се способни да бираат и да бидат бирани, во тој дел немаме никаков спор, меѓутоа политиката да се држи настрана од избирачкиот список.“

ОБСЕ /ОДИХР неодамна главните забелешки по ова прашање ги упати на улогата на институциите надлежни за ажурирање на избирачкиот список, нивната делумна контрола врз податоците и недоволните механизми за инспекција на избирачкиот список. Оттука како што рекоа, инспекцијата на избирачкиот список истовремено ќе претставува и инспекција на работењето на институциите кои ги обезбедуваат податоците, МВР и Министерството за правда.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG