Достапни линкови

По стани-падни, берзата се стабилизира


Месечниот преглед на индексот на десетте најликвидни компании (МБИ10) покажува покачувања и падови, или едноставно „стани-падни“. Дванаесетмесечниот преглед, пак, открива повеќе падови. Од јануари годинава до денес МБИ 10 оди во надолен тренд. Но берзата се стабилизира, велат брокерите.

Берзата вообичаено се смета за огледало на состојбите во економијата. По тој принцип, би се очекувало позитивните макроекономски индикатори, како растот на Бруто домашниот производ, да се одразат на тргувањето на пазарот на хартии од вредност. Месечниот преглед на индексот на десетте најликвидни компании (МБИ10) покажува покачувања и падови, или едноставно „стани-падни“. Дванаесетмесечниот преглед, пак, открива повеќе падови. Од јануари годинава до денес МБИ 10 оди во надолен тренд.
Инвеститорите сепак сакаат нешто ликвидно, во секој случај тоа е нешто најбитно што му значи на некој инвеститор, значи не му значи толку цената колку што му значи ликвидноста.
Велимир Шиповиќ, инвестициски советник.

Позитивните економски показатели би можеле да придонесат за раздвижување на берзата, но сепак има проблем со ликвидноста, коментираат брокерите.

Инвестицискиот советник Велимир Шиповиќ вели дека берзата ќе се раздвижи ако се вратат поголеми инвеститори кои Македонија се уште ја гледаат како мал пазар.
Илустрација.
Илустрација.

„Инвеститорите сепак сакаат нешто ликвидно, во секој случај тоа е нешто најбитно што му значи на некој инвеститор, значи не му значи толку цената колку што му значи ликвидноста.“

Дури и во минатото кај нас директно не доаѓаа големи институционални инвеститори, туку
Сметам дека во наредниот период би требало да дојде до израз тој позитивен ефект, мислам дека веќе се рефлектира, ако не врз цените, првенствено врз обемот на тргување, значи имаме стабилизирање на македонската берза.
Горан Марковски, инвестициски советник.
капиталот се прелеваше од соседството, вели Шиповиќ.

„За да има некое раздвижување прво треба овие инвеститори да се анимираат, анимирање може да се случи со зголемување на ликвидноста. Транспарентноста мислам дека веќе е донесено до некое ниво кое е задоволително, не велам дека не може подобро. Можеби поголема активност од домашните пензиски фондови, сепак тие се тие во секоја држава, особено во балканските држави најголем двигател на берзите, затоа што пензиските фондови се тие коишто се на куповната страна 99 отсто.“

Евидентниот раст на прометот во декември секако е позитивен знак дека пазарот се стабилизира, вели инвестицискиот советник Горан Марковски. Според него, подобрувањето на состојбите на европските пазари може да доведе до подобрување на состојбата во македонските компании.

„Сметам дека во наредниот период би требало да дојде до израз тој позитивен ефект, мислам дека веќе се рефлектира, ако не врз цените, првенствено врз обемот на тргување, значи имаме стабилизирање на македонската берза од аспект на некои досегашни падови коишто ги имаа повеќето компании. Во изминатите неколку денови имаме стабилизирање.“
XS
SM
MD
LG