Достапни линкови

Уметничките тенденции во порнографирана стварност


„Поколение ХХХ“ е насловена изложбата на која, од 19 декември до 19 јануари во Музеј на град Скопје, ќе бидат претставени дела на една уметничка група и девет македонски уметници кои се образуваа и се обликуваа во осумдесеттите и деведесеттите години на минатиот век кога кај нас во Македонија, но со децениско доцнење, се случуваа длабоки и сеопфатни општествени промени. Куратор на овој проект кој се занимава со нивните преокупации, опсесии и уметнички тенденции е Емил Алексиев.

Атанас Ботев, Горан Дачев, Славица Јанешлиева, Миле Ничевски, Јасминка Новковска, , Ирена Паскали, Борис Петровски, Нада Прља, Микица Трујкановиќ и членовите на ОПА (Опсесивно посесивна агресија), се уметниците чии дела во текот на претстојниов месец ќе бидат претставени на изложбата „Поколение ХХХ“ што ќе се одржи во Музеј на град Скопје.
Тука пред се мислам на первертираната стварност, политичките махинации, потоа популарната култура, стрипот, филмот...политиката на историското и политиката на естетското.
Атанас Ботев, уметник.

Насловот на оваа постановска е ектензија на поимот „Поколение Х“ ( Даглас Коупленд - „Генерација Х: Приказни за забрзаната култура“ 1991), но во конкретниот случај ако се знае дека „ХХХ“ е воедно знакот за порнографија, тогаш ова подразбира дека станува збор за обид да се најде заеднички именител што ќе овозможи продлабочено разбирање на стремежите на едно поколение уметници од Македонија родени во периодот меѓу 1968 и 1978
година.

Кураторот Емил Алексиев, во опсежната експликација од каталогот, меѓу другото забележува дека одредувањето на поколението родени во седумдесеттите како порно (ХХХ) поколение се должи на општите општествени (економски, политички, културни...) промени во
За мене оваа изложба е особено важна бидејќи ова е прв пат да се прави некаков генерациски пресек на нашето поколение и на еден ваков начин да биде претставена нашата естетика.
Миле Ничевски, уметник.
деценијата потоа. Тој потенцира дека под порнографија не се подразбира само злоупотребата на сексуалноста, туку сеопфатното порнографирање на стварноста – порно политика ( неолиберализам – глобализација – конзерватизам), порно култура ( поп културата), порно храна ( брзата или „џубре“ храна)...за да поентира дека тој процес се уште не е завршен и дека неговото влијание е присутно и денес.

Атанас Ботев вели дека делата кои се претставени на изложбата полемизираат со актуелната општествено-економска и културна стварност и дека во контекст на темата проблематизираат најразлични аспекти од нашето живеење.

„Тука пред се мислам на первертираната стварност,
Секое уметничко дело е на еден начин хроника на времето во кое што живее уметникот.
Славица Јанешлиева, уметник.
политичките махинации, потоа популарната култура, стрипот, филмот...политиката на историското и политиката на естетското. Сите тие работи некако се обидувам да ги ставам во одредена органска целина и практично тоа се некои аспекти кои што се застапени во моите дела и кои што кореспондираат со самата тема.“

Миле Ничевски истакнува дека неговата понуда се состои од неколку веќе изложени и многу повеќе досега непознати дела од циклусот „Белешки од киоскот за цигари и весници“ настанат во периодот 2005 – 2007 година.

„За мене оваа изложба е особено важна бидејќи ова е прв пат да се прави некаков генерациски пресек на нашето поколение и на еден ваков начин да биде претставена нашата естетика.“

Славица Јеншлиева, пак, ќе рече дека самата на „Поколение ХХХ“ се претставува со две слики од 2000 година и дека за неа меѓу другото е особено важно тоа што делата не се заборавени во атељето на уметникот што донекаде е практика кај нас, освен ако не се откупени. Таа се согласува дека нејзината генерација преживеала големи промени, но констатира дека тоа е својствено и за другите генерации творци во времето наназад што може најлесно да се согледа од уметничките дела.

„Ние како уметници секогаш сме хроничари на своето време без разлика дали тоа го прикажуваме објективно или субјективно, лично или општо, но во секој случај секое уметничко дело е на еден начин хроника на времето во кое што живее уметникот.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG