Достапни линкови

На Хитлер му е одземена титулата почесен граѓанин


Градскиот совет на баварскиот град Дитрамсцел едногласно реши на Адолф Хитлер да му ја одземе титулата почесен граѓанин што му ја додели пред 80 години. Одлуката уследи по протестот поради претходното решение на Советот да не усвои резолуција за осуда на именувањето на нацистичкиот фирер за почесен граѓанин. Хитлер таа титула ја доби заедно со претседателот на Германија Паул фон Хинденбург кој истата година го наименува Хитлер за канцелар.
XS
SM
MD
LG