Достапни линкови

Тимошенко: спогодбата со Русија, крај на независноста на Украина


Спогодбата со Русија може да претставува крај на независноста на Украина. Ова го оценува поранешната затворена премиерка Јулија Тимошенко во интервју објавено на интернет страницата на нејзината партија. Интервјуто било дадено за германскиот весник „Штерн“ пред посетата на украинскиот претседател Виктор Јанукович на Москва во текот на која бил договорен кредит од 15 милијарди долари и намалување на цената на рускиот гас за една третина. Тимошенко, која е во затвор за злоупотреба на функцијата, ја повика Европската унија да воведе санкции против режимот на Јанукович.
XS
SM
MD
LG