Достапни линкови

Египет: на Морси ќе му се суди за шпионажа


На поранешниот египетски исламистички претседател Мохамед Морси, освен за убивање демонстранти, ќе му се суди и за шпионирање во полза на странски организации со цел изведување терористички акции. Ист таков процес ќе се води и против уште 35 луѓе, главно високи функционери на Муслиманското братство. Египетската војска го собори Морси од претседателската функција во јули годинава по масовните протести на кои беше барано негово заминување од власт.
XS
SM
MD
LG