Достапни линкови

Пожар во седумкатница во Тетово


Во денешниот пожар што зафати една седумкатница во тетовската населба Блок 70, како што јавува МИА, имало повредено пожарникари, а неколку лицa биле пренесени во болница поради задушување со чад. Противпожарните екипи со кранови ги спасувале жителите, меѓу кои имало деца и бебиња. Пожарот избувнал околу 14 часот, но засега официјално не се знае од што бил предизвикан. Неофицијално, причина за пожарот била експлозија на плински сад во подрумските простории на зградата.
XS
SM
MD
LG