Достапни линкови

logo-print

Груевски ја посети Канцеларијата за врски на НАТО


Премиерот Никола Груевски, денеска на покана на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, имаше средба со полковник Александар Александров, раководител на Канцеларијата. На средбата било изразено заемно задоволство од досегашната соработка на Канцеларијата за врски со македонската Влада, како и со останатите релевантни и надлежни институции кои работат на евроатланските интегративни процеси на Македонија. Како позитивен пример за практична соработка со НАТО, соговорниците го посочиле почетокот на спроведувањето на третата фаза од проектот за зајакнување на мостовите во Македонија, во вредност од 8,6 милиони евра.
XS
SM
MD
LG