Достапни линкови

logo-print

Мнозинството хрвати сакаат ентитет во БиХ


Над 50 насто од Хрватите подржуваат формирање „хрватски ентитет“ во Босна и Херцеговина, а околу 90 отсто од нив инсистираат на отварање на ТВ канал на хрватски јазик во рамки на јавниот сервис.

Ова се резултатите од анкетата на Истражувачкиот центар на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Мостар.

Истражувањето за положбата на Хрватите во БиХ го спроведоа студентите, со помош на професорите, на примерок од две илјади Хрвати од цела БиХ, кои биле телефонски анкетирани од 9 до 13 декември.
XS
SM
MD
LG