Достапни линкови

Загадувањето се решава со долгорочни мерки


Екологистите бараат да се утврдат вистински мерки кои ќе помогнат да се намали загадувањето на воздухот во Скопје, нагласувајќи дека со краткорочните мерки само се намалуваат последиците од загадувањето.

Екологистите се загрижени дека владата единствено им препорача на граѓаните да не излегуваат од дома, откако лоцираше дека причината за енормното загадување на Скопје не е од индустриско потекло туку е резултат на сообраќајот и затоплувањето на домаќинствата.
Ако сообраќајот е лоциран како главен извор на загадувањето, треба да се спроведат мерки кои како резултат ќе имаат намален сообраќај, почнувајќи од тоа да има денови кога се дозволува парни регистрации и денови кога ќе се вози со непарни.

Тие бараат да се утврдат вистински мерки кои ќе помогнат да се намали загадувањето на воздухот во Скопје нагласувајќи дека со краткорочните мерки само се намалуваат последиците од загадениот воздух.

Добро е што има превентивни мерки, рече Иска Стојковска од Фронт, но додаде дека е неопходно да има системско решение.

„Ако сообраќајот е лоциран како главен извор на загадувањето, треба да се спроведат мерки кои како резултат ќе имаат намален сообраќај, почнувајќи од тоа да има денови кога се дозволува парни регистрации и денови кога ќе се вози со непарни. Во Лондон на пример за возење во центарот во градот се плаќа доста сериозна такса.“

Неколку денови во Скопје воздухот е прекумерено загаден. Според некои согледувања дури со 30 проценти во загадувањето учествуваат возилата. Опозицијата и ескпертите ја критикуваа владата да не дозволува увоз на половни возила зошто тоа ќе допринесе дополнително за загадувањето, но тоа
Темелно решавање на проблемите е секогаш потешко, отколку да се занимаваат со долгорочни решенија кои на системски начин ќе ги решат работите, но кои можеби нема толку лесно да бидат видливи.
беше игнорирано. Како и да е, засега владата останува на краткорочните мерки со кои до сабота треба да бидат ослободени од работа бремените жени и лицата над 60 години поради загадувањето на воздухот кое деновиве е над дозволеното.

Паралелно со ова вчера граѓанските активисти поставија медицински маски и налепници со порака за штетност на воздухот на неколку раскрсници низ центарот на Скопје. Експертите велат дека со површното решавање на проблемите владата пред луѓето си обезбедува поени што ги става на своето партиско конто, но дека тоа со тоа не остварува цел што е во интерес на сите граѓани.

„Темелно решавање на проблемите е секогаш потешко, отколку да се занимаваат со долгорочни решенија кои на системски начин ќе ги решат работите, но кои можеби нема толку лесно да бидат видливи и особено на краткорочен план не можат да се искористат“, изјави професор Здравко Савески.

Тој рече дека на идентичен начин владата решава и други проблеми со тоа што на пример во социјалната сфера дупката во пензискиот систем ја покрила обезбедувајќи пари од буџетот. Тој посочи и други слични примери.

„Има многу често пример кога со краткорочен видлив аспект Владата решава социјални прашања, додека на системско ниво она што системски е невидливо, сето тоа е во обратна насока“, вели Савески.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG