Достапни линкови

logo-print

Младите спас за македонскиот фудбал


Младинците треба да се вклучат во првите сениорски тимови за да има наредок на фудбалот, велат тренерите. Дел од нив се сомневаат дека тоа може да се воведе во прволигашките тимови.

„На македонскиот фудбал му е неопходно целосно свртување кон младите генерации, а со тоа и вклучување на младинците во првите сениорски тимови.“
Колку повеќе млади играчи настапуваат во Првата и во Втората лига, толку подобро. Бидејќи само на нив е иднината, само така македонскиот фудбал може да биде подобар.

Ова е одговорот на тренерите по предлогот на ФФМ за задолжителен настап на еден играч до 21 година во прволигашките, како и на по еден фудбалер до 21 и до 19 години во второлигашките екипи, во сезоната 2014/2015-та. Ваква обврска беше воведена и пред две децении, но не донесе прогрес и набрзо беше укината, откако тренерите по само неколку минути ги менуваа младинците со поискусни играчи. За да не се повтори тоа, сега се предлага тие фудбалери да бидат заменети со соиграч од иста возраст.

Според тренерот на Металург, Срѓан Захариевски, ова е вистински потег за напредок на македонскиот фудбал.

„Јас го поддржувам овој проект на ФФМ и мислам дека колку повеќе млади играчи настапуваат во Првата и во Втората лига, толку
Во Втората лига нека се и четири помлади играчи. Јас сум за тоа, бидејќи Втората лига е база. Но, во Првата лига – тешко. Тешко е во професионални екипи да се воведе тоа.
подобро. Бидејќи само на нив е иднината, само така македонскиот фудбал може да биде подобар, но тоа значи и дека школите ќе работат подобро, секоја екипа ќе си има своја школа од каде што ќе ги црпи играчите, така да овој потег мислам дека е исправен“, изјави поранешниот македонски репрезентативец, играч на Силекс, Вардар, Металург, но и интернационалец во Германија, Португалија и во Грција.

Слично размислува и актуелниот тренер на второлигашот Тетекс, Зоран Смилевски. Сепак, тој не е оптимист дека ваквиот предлог ќе профункционира во прволигашките тимови.

„Во Втората лига нека се и четири помлади играчи. Јас сум за тоа, бидејќи Втората лига е база. Но, во Првата лига – тешко. Тешко е во професионални екипи да се воведе тоа. Повеќето од тие клубови ќе бидат приватни и тешко може да му кажуваш на тренерот кој е под капа на приватник, кој го плаќа, дека мора да игра фудбалер до 19 години. Многу е тешко во Првата лига која е професионална да има такво нешто“, рече поранешниот кормилар на Силекс, Пелистер, младата репрезентација на Македонија и на клубови во Иран и во Србија.

Имајќи го предвид претходно кажаното, дополнето со нереалните очекување на клубовите и немањето услови за работа, Смилевски смета дека на мак - фудбалот му се потребни многу порадикални промени, па и неколкугодишен прекин на нашето најквалитетно клупско натпреварување.

„Јас сум да направиме мораториум. Да не се игра Прва лига. Затоа што после 20 години немаме резултати, само ние немаме успеси. Нема терени, нема соблекувални топли, немаш опрема адекватна, немаш други реквизити адекватни. Значи навистина мора да се направи нешто радикално. Да се почне од најмладите, да тргнеме со целосна реорганизација. Затоа што имаме милион таленти, небрусени дијаманти. Треба да ги избрусиме, треба да направиме тренерски кадар, поквалитетна организација на сојузот, поквалитетни услови... Значи, навистина мораториум ни треба, нема друго чаре“, додаде Смилевски.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG